Македонија

„Камерата не прави разлика меѓу луѓе, туку евидентира прекршок“: Тошковски на увид на тестирањето на „Безбеден град“

Системот работи автоматски и непристрасно, нагласи министерот за внатрешни работи на една од локациите на проверката

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски излезе на увид на завршната проверка на систем за автоматска детекција на брзината на движењето на возилата „Безбеден град“.

„Системот работи автоматски и непристрасно – камерата не прави разлика меѓу луѓе, туку евидентира прекршок. Законот важи еднакво за сите, а безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, изјави тој на една од локациите какодешто се вршеше верификација на исправноста и на прецизноста на камерите.

„Станува збор за систем кој МВР го развиваше во изминатиот период со цел намалување на сообраќајните незгоди, повредите и загубените човечки животи. Во процесот на тестирање се проверува јасноста на снимките, прецизноста при читањето на регистарските таблички и точноста на податоците што системот ги регистрира. Според стручните служби вклучени во верификацијата, утврдените отстапувања во мерењето на брзината се минимални и значително под законски дозволената толеранција, што гарантира висока сигурност и доверливост на системот“, нагласи министерот.

Во првата фаза камерите ќе бидат поставени на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на територијата на целата држава. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, кои ќе дејствуваат особено на т.н. „црни точки“ на патиштата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

To top