Македонија

Камиони ќе ги блокираат сите граници од Западен Балкан – Муратовска: Ќе има празни рафтови и страшен колапс на стопанството!

Во понеделник, на пладне ќе има целосна блокада за влез и излез на сите гранични премини во земјава. Камионските превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе ги паркираат камионите на сите гранични премини во овие земји и целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај кон Европската Унија и транзитот низ регионот. Ќе нема пречки за влез и излез на патничките автобуси и автомобили. Протестот е заеднички – со цел да апелираат да се променат правилата во новиот систем за влез и излез на Европската унија, за пресметување на денови за престој на возачите. Велат тоа ќе го блокира и поскапи транспортот на стоки и ќе ги пропадне економиите на Западен Балкан.

-Застојот односно падот на целокупната економија на регионот, не само во Македонија, на регионот од Западен Балкан ќе биде страшен. Бидејќи ќе мора да се ангажираат странски превозници, коишто ретко доаѓаат на овие делови на Западен Балкан, меѓутоа цените за превозот ќе бидат три до четири пати повисоки отколку што сега се превезува, вели Билјана Муратовска од транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС. Според неа, „најстрашното доаѓа после 10 април, кога веќе ќе започне електронското броење“. Ниеден возач ќе нема слободни денови, а нема други кои можат да ги заменат. 

Балканските превозници веќе се во паника, бидејќи европските земји депортирале 100 возачи, а уште 100 се во процедура. Реагираше логистичкиот конзорциум на Босна и Херцеговина, евидентирале 100 случаи на присилно или насилно враќање на професионални возачи од земјите на Европската Унија, како и повеќе од 100 дена поминати во притвор и затвори на земјите-членки на ЕУ. Муратовска вели, и ние не сме изземени од враќање возачи назад. 
-Возачите се затвораат во притвор, некои 12 часа некои 24, зависно од тоа каде се наоѓаат и какво е местото за понатамошна испорака. Односно ги депортираат со авион, затоа што повеќе немаат денови. Овие лица не се терористи, не се мигранти, а со нив се постапува како да се најголеми криминалци, вели Билјана Муратовска од транспортната асоцијација МАКАМ-ТРАНС.

Балканските транспортери одамна алармираа за проблемот. Европската комисија веќе се огласи за најавената блокада на границите – велат не се воведени никакви измени во однос на постојните правила за престој во Шенген зоната. Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека се работи навистина за сериозен проблем, за којшто било дискутирано со Европската унија, но дека од нив не наишле на разбирање. -Формалниот одговор којшто пред некој ден го даде и портпаролот на Европската комисија со којшто не се согласувам е дека нема разлика помеѓу она што до сега биле правила и новите правила затоа што според него и според досегашните правила еден патник може да остане до 90 дена во рамки на 180 дена во Шенген зоните и дека истото останува и сега. Формално тоа е точно, практично не е точно од причина што превозниците не се туристи, вели министерот за транспорт, Александар Николоски.

Муратовска е децидна – ако останат овие правила на броење на денови на престој на возачите во ЕУ, не чекаат празни рафтови во продавниците и колапс на стопанството.

ТВ 21

Најнови вести од: Македонија

Две убиства за 48 часа! Грк застрелал ловочувар кај Виница, мајка убиена од син во Росоман

Во Виница, 80-годишен грчки државјанин го застрелал 56-годишен ловочувар Д.А. од с. Липец за време на лов. Полицијата покренала кривична пријава против осомничениот по член 123 од Кривичниот законик, а четири лица се лишени од слобода. При претреси во апартманите и возилата на осомничените биле пронајдени четири ловни пушки, околу 800 парчиња муниција и друг доказен материјал од интерес за истрагата.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

Најнови вести

To top