Македонија

Казнети 60 граѓани во Скопје со по 50 евра, фрлале ѓубре по 22 часот!

Пред неколку месеци во Скопје е воведена забраната за фрлање ѓубре во вечерните часови до 6 часот наутро. Заврши периодот на предупредувања и приспособувања на новата мерка за зголемување на комуналната хигиена во македонската метропола. Комуналните инспектори на Град Скопје им изрекоа казна на првите 60 несовесни граѓани во износ од 50 евра во денарска противвредност.

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски е задоволен од мерката. Вели дека со неа се воспоставил ред во градот.

Градските инспекторите за животна средина во последните 3 месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и во општина Сарај и изрекле казни од 1.000 до 53.000 евра. Казнети се и одговорните лица со по 3.000 евра. Исто така, казнети се физички лица со казни од 250 до 500 евра за неправилно одлагање и за палење отпад.
Комуналната инспекција спровела и 240 контроли на градилишта низ Скопје, кои завршиле со 25 предупредувања ии 11 казни од по 1.300 евра

Најнови вести од: Македонија

Еден од најголемите случаи во поновата историја на Македонија сѐ уште без одговор: кој стоел зад атентатот врз Глигоров на 3.10.1996?

Пред 31 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

To top