Според Кекеновски, Законот за употреба на јазиците ги уредува правата на граѓаните во постапките, но не ги дефинира условите под кои некој станува судија или обвинител. Тој нагласува дека правосудниот испит е филтер на знаење, правна логика и терминолошка прецизност, при што јазикот не е само средство за комуникација, туку основен инструмент за примена на правото.
„Судија или обвинител мора да го владее на највисоко ниво јазикот на кој се создава и применува правниот поредок. Тоа не е прашање на дискриминација, туку на компетентност“, наведува Кекеновски.
Професорот додава дека ваквата практика е стандард и во други држави, каде што правосудните испити се полагаат на службениот јазик, оценувајќи дека правдата не смее да биде предмет на политички компромиси.