Македонија

Ќе има притвор, а можеби и затвор за екс-директори на „Онкологија“

Притвор за онкологот Нино Васев, кој беше медицински директор на Клиниката за онкологија и за организацискиот директор Нехат Нухи, побара Јавното обвинителсатво во врска со обвинението за злоупотреба на службената должност, проневера и за измама додека биле на функциите. „Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот Онкологија, до Основниот кривичен суд вчера […]

Притвор за онкологот Нино Васев, кој беше медицински директор на Клиниката за онкологија и за организацискиот директор Нехат Нухи, побара Јавното обвинителсатво во врска со обвинението за злоупотреба на службената должност, проневера и за измама додека биле на функциите.

„Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот Онкологија, до Основниот кривичен суд вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицински и организациски директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.  На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на државниот буџет, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство“, соопшти Јавното обвинителство.

Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија, се додава во соопштението.

Од Кривичниот суд велат дека допрва ќе го работат предметот и засега нема одлука по барањата од Обвинителството.

Скандал: Не им давал лекови на тешко болните – ексдиректорот на Онкологија обвинет за сериозни кривични дела

Најнови вести од: Македонија

„Србите се обидоа да го отрујат албанскиот амбасадор во Скопје, во израелската амбасада!“ – „бомба“ на Карамучо, за кого РМ е „картон-држава“, што „паѓа за 24 часа без Албанците“!

„БОМБА на Карамучо: Србите сакаа да го отрујат нашиот амбасадор во Скопје, внатре во израелската амбасада!“ – оваа вест вечерва, на 9 април 2026 година веднаш ја пренесоа  информативната агенција на Илирија-ИНА и голем број други медиуми на албански јазик во Македонија. Станува збор за изјава на д-р Артан Карамучо, професор по криминологија во Правниот факултет на државниот Универзитет во Тирана. Не е именуван дипломатот, за кого се изнесени овие свои бомбастични и сѐ уште непотврдени сознанија, но останува да се претпоставува: дали се работи за Денион Мејдани, моментниот албански амбасадор во Скопје? До овој момент нема прецизирање кога се случил наводниот „обид за труење“ на албанскиот амбасадор во Скопје. Карамучо, пак, завчера, на 8 април, за „Еуроњуз“ даде уште една, своја овојпат скандалозна изјава за Република Македонија, нарекувајќи ја како „држава од картон“, со тврдење дека „ќе падне за 24 часа без Албанците“!

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Најнови вести

To top