Македонија

Клековски: Досега 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Инфективната клиника 21 пациент

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска треска досега, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив со невроинвазивна форма на болеста – изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска.

Тој ги повика граѓаните ако забележат симптоми како висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви – веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент се отпуштени од болница и упатени на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати – информира Министерството за здравство.

– Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување – додаде Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Не сите во Софија се радикали, има и разумни луѓе кои се борат против бугарската хистерија за Македонија

За топ бугарски интелектуалец тврдењата на Софија за македонскиот јазик и нација како вештачки и настанати по 1945 година се „неубедливи, наивни и застарени“

To top