Македонија

Клековски: Остануваат уште 3 хоспитализирани пациенти од трагедијата во Кочани,нивната состојба не е критична

Извештај за Состојбата на повредените од трагедијата во Кочани даде директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Пред два ден се врати уште еден пациент од болница во Истанбул, каде беше на лекување по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во болницата „Аџибадем Систина“ остануваат двајца тешко повредени пациенти, чија состојба не е критична.

Ме радува моментот дека за неколку дена бројот на пациенти во болница се намали на тројца. Двјаца пациенти се на домашно лекување, еден пациент се врати од Истанбул и тој е на домашно лекување. Еден пациент од Клиниката за пластична хирургија, исто така е пуштен на домашно лекување“, изјави Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), за време на посетата во Кочани како дел од работната група на Владата.

Еден повреден останува на лекување во Истанбул, додека неколку пациенти неодамна беа отпуштени од Клиниката за пластична хирургија. Во болницата „Пирогов“ во Бугарија, шест пациенти се на лекување.

Двајца пациенти со отворени рани се третираат во болницата во Кочани. Според Клековски, сите повредени кои имаат потреба од физикална терапија ја продолжуваат, а белгиски пластичен хирург неодамна извршил проценка за реконструктивни интервенции. Целта е пациентите да ја вратат функцијата на изгорените екстремитети и да се постигне естетски прифатлив изглед.

На 18 пациенти им е потребна пластична и естетска хирургија, но таквите интервенции сè уште не се спроведуваат поради раната фаза на закрепнување.

Директорката на кочанската болница, Катерина Паниќ Мирчовска, истакна дека кај некои пациенти се неопходни операции за враќање на функцијата на прстите на рацете, а овие зафати ќе бидат извршени.

Во болницата во Кочани неодамна се вработени 20 лица, но директорката нагласи дека недостигот од специјалисти останува предизвик. „Соработката со Клиничката болница во Штип ни помага да го надополниме овој недостиг“, додаде таа.

Буџетот на болницата е зголемен за да се покријат акумулираните долгови. Набавен е нов рентген апарат, а изградбата на новиот физикален центар е при крај. Исто така, се работи на воведување систем за централно снабдување со кислород во хируршките сали.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/988699156667247/

Најнови вести од: Македонија

Зошто во Македонија не може да се забрани користење на социјалните мрежи за малолетници до 15 години?!

Не бегаме од тоа да се менува законот за да имаме ваква можност, но опасноста е многу голема кога државата ќе реши да забранува одредени алатки за определена група луѓе. Тоа треба да го чуваме како последна мерка во можностите, а прва мерка се превенција и родителска контрола, велат од Владата.

Граѓаните со душа чекаат нормален паркинг на Клиника, оти со саати кружат барајќи место

Нема повеќе никакви пречки да се градат катни гаражи во кругот на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Владата, на последната седница, донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот центар. Според Владата, со оваа одлука се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје.

Трендафилов се претставува како жртва, а зема плата од скоро 1.000 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од пратеничката група сметаат дека Слободан Трендафилов ќе остане запаметен како „синдикалец“ кој нема склопено ниту еден договор корисен за македонскиот работник во текот на целиот негов мандат. Сметаат дека нападот врз Стојаноска е само доказ за немоќта на еден функционер кој го изгубил компасот и велат дека Трендафилов треба веднаш да си поднесе оставка и наместо да глуми жртва по медиуми, да подготви одбрана пред истражните органи за своето расипништво.

To top