Македонија

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Клековски посочи дека бројот на новопријавени случаи во последните четири дена се движи меѓу 80 и 125, но дека во овој момент не може да се утврди колкав дел од нив се директно поврзани со епидемијата. „Денес во Гостивар има 109 нови први контакти. Бројката се движи од 80 до 125 во последните четири дена, со тоа што во овој момент не можеме да кажеме колку е тоа редовна состојба, а колку е поврзано со епидемијата. За да го направиме тоа, мора да имаме епидемиолошки анкети – изјави Клековски на прес-конференција.

Тој појасни дека во просек во изминатите 10 години во јули во Гостивар имало околу 25 пријави за заразни болести, поради што ќе биде потребно дополнително да се утврди кои случаи се дел од редовната состојба, а кои се последица на епидемијата.  Според министерот, бројот на формални пријави во моментов изнесува 869, од кои епидемиолошки се анкетирани 602 лица.

„Како што акутната фаза на епидемијата во Гостивар е во смирување, во консултација со Комисијата за заразни болести решивме да одредиме засилен надзор за постакутната фаза“, рече Клековски.
Тој упати апел до матичните лекари и здравствените установи во Гостивар посебно внимание да посветат на следењето на хепатитис А и Е, но и на други можни заразни заболувања кои би можеле да се појават во наредниот период.

„Ќе бидат испратени соодветни упатства до Центарот за јавно здравје, здравствените установи и матичните лекари, а ќе бидат дадени и насоки за комуникација со населението. Клучно е раното препознавање за здравствените установи навремено да реагираат“, додаде министерот.

Клековски информираше дека паралелно продолжуваат анализите за текот на епидемијата преку два системи – системот за пријавување заразни болести и анализата на податоците од платформата „Мој термин“.  „Го опфаќаме периодот од 1 јуни наваму, со споредбени податоци со просекот од последните 12 години. Тоа ќе ни овозможи да влеземе во втора фаза, процена и евалуација на случувањата, текот на настаните и реакцијата на системот“, поосчи Клековски.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

Западнонилската треска однесе живот и на 70-годишен пациент на Инфективната клиника во Скопје

Уште еден пациент со западнонилска треска во текот на викендот почина на Клиниката за инфективни болести. Се работи за 70-годишен пациент од Аеродром, кој имал повеќе заболувања. На Клиниката се хоспитализирани седум пациенти, од кои двајца се со потешка клиничка слика, изјави денеска директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана.

Акција на МВР и АНБ: Во Скопје приведени повеќе лица, поради сомнение за тероризам

На повеќе локации во Скопје во тек е полициско-безбедносна акција во која се приведени повеќе лица поради сомнение за сторени кривични дела од областа на тероризмот, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Политико“: „Патокази“ од ЕУ и забрзување на влезот на Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора, не и на Македонија!

Нов преседан на Брисел. Европската Унија првпат планира да одреди целни датуми за завршување на клучните фази од преговорите за пристапување со Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, изјавија функционери од Брисел за европскиот аналитички магазин „Политико“. За Македонија нема ниту патокази, ниту сигнали за придвижување на нејзиниот евроинтеграциски процес, ниту ништо!

Сиљановска-Давкова на Салцбург самит: По 21 година кандидати и 17 позитивни извештаи на потег е ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на 22. Европски самит во Салцбург, денеска се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“

To top