Македонија

Кога „доволно добар“ веќе не е доволно: Што навистина бара Gen Z од својот телефон?

Постои еден специфичен момент кога навистина сфаќаш дали твојот телефон е вистински партнер или само уште еден гаџет што те забавува.

Постои еден специфичен момент кога навистина сфаќаш дали твојот телефон е вистински партнер или само уште еден гаџет што те забавува.

Не размислуваш за него додека сè работи како што треба. И тоа е идеалното сценарио – телефонот реагира, снима, испраќа и ти не го ни забележуваш. Но, проблемот настанува токму тогаш кога најмногу ти треба. Кога брзаш да одговориш на порака, кога се обидуваш да го уловиш оној совршен кадар што нема да се повтори, или кога си надвор без полнач, а гледаш како процентите на батеријата се топат. Токму тогаш, уредот почнува да забавува.

Тука престанува приказната за „доволно добар“. За генерацијата која е постојано „онлајн“, ова не е мала пречка, туку причина за промена. На Gen Z не им треба само „најновиот модел“, туку уред кој нема да им создава стрес среде денот. Очекувањата денес се јасни.

Реакција во милисекунда. Камера која не бара подесувања. Батерија која издржува цел ден без прашања.

Новата Galaxy A серија, предводена од моделите Galaxy A57 5G и Galaxy A37 5G, се фокусира токму на ова – не на бесконечни листи со функции, туку на реални ситуации.

Камерата е подготвена веднаш, без разлика дали е ден или ноќ. Наместо да губите време со дополнителни апликации, сè што ќе снимите можете веднаш да го уредите и споделите. Благодарение на Awesome Intelligence, пребарувањето или издвојувањето објекти од екранот се прави во само неколку потези. Кај Galaxy A57 5G, работите одат чекор понатаму – системот ви помага полесно да го изберете најдобриот кадар или да го скратите видеото без воопшто да губите време.

Можеби најважната карактеристика не е брзината, туку константноста. Телефонот не „попушта“ дури и кога го користите интензивно за снимање, пребарување и организација на денот. Функцијата Voice Transcription тука е вистински спасител. Автоматски ги бележи и препишува вашите состаноци, предавања или повици, за да не пропуштите ниту еден детаљ додека сте во движење.

Новата Galaxy A серија е направена да остане стабилна дури и по неколку години користење. Со батерија од 5.000 mAh, која може да издржи и до два дена (зависно од употребата), конечно добивате слобода да се фокусирате на она што го правите, наместо постојано да барате штекер.

На сето ова се додава и отпорноста на вода и прашина, како и Samsung Knox безбедноста која во позадина ги чува вашите податоци без да ве заморува со комплицирани подесувања.

На крајот, вистината е едноставна: Добар телефон не е оној што има сè, туку оној што не ти прави проблем кога ти е најпотребен. Ако телефонот ти закочи додека снимаш Story, тоа не е ситница. Тоа е знак дека е време за подобар уред кој конечно може да го следи твоето темпо.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top