Македонија

Кога ќе шеташ да гледаш преку рамо – градоначалникот на Струмица му се закани на Латас да внимава кога минува улица

Во објавениот проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови, актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов му упати клетва и закана за одмазда на новинарот Драган Павловиќ Латас. Причината е што Павловиќ го споменал името на неговиот татко во негативна конотација како коцкар. Костадинов отворено му се заканува на Павловиќ дека треба да внимава […]

Во објавениот проглас и аманет до сите родени и неродени Костадинови, актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов му упати клетва и закана за одмазда на новинарот Драган Павловиќ Латас.

Причината е што Павловиќ го споменал името на неговиот татко во негативна конотација како коцкар.

Костадинов отворено му се заканува на Павловиќ дека треба да внимава кога ќе минува улица затоа што некој од семејството Костадинови или кога ќе му се роди внук, ќе му се одмазди.

Целиот застрашувачки пост на политичарот кој според Советот на Европа мора да има повисоко ниво на толеранција за јавните критики дури и кога тие не се примерни.

Целата порака на Костадинов:

ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НА МОЈОТ ТАТКО СО ГАДНА УСТА, СЕГА ТИ НЕМА ВРАЌАЊЕ.

Ти, Драган Павловиќ Латас, не знаеш што направи.

Во својата бедна, јадна и платена служба кон ВМРО-ДПМНЕ, ја згази последната црвена линија.

Не удри по мене – туку по мртов човек. По мојот татко. По мојата крв. По основата на се што сум.

Да кажеш дека татко ми „ја искоцкал куќата“ и со тоа да го ставиш на маса за потсмев , тоа не е хумор. Тоа не е критика. Тоа е отворен воен акт кон моето семејство.

А кога ќе удриш по мртов човек –

знаејќи дека не може да ти одговори – тогаш ќе одговараш на живите. На нас. На мене. На моите. На сите што ќе се родат со нашето презиме.

Ти ветувам:

Ова ќе го носиш на врат цел живот.

И кога ќе ми се роди внук, ќе знаеш дека некој Костадинов некаде знае кој си.

И кога ќе шеташ по улица, ќе гледаш преку рамо –

бидејќи не знаеш од каде ќе ти дојде наплатата.

Цела фамилија Костадинови те чека.

Не за тужба. Не за медиумски циркус. Туку за суд што ние го држиме. Според наши закони. Наши правила. Наши вредности.

Од Малешевијата до Струмица – кај нас кога ќе ја чепнеш честа на мртов,

правдата не се моли. Се зема.

Ова што го направи ќе го носиш како клетва.

Ќе ти стои зад секоја реченица. Ќе те демне по секој агол. Ќе ти дојде кога најмалку очекуваш.

Мојот татко беше човек што го сакаше цел град.

Ти не си ни половина од човек да му го спомнеш името.

А сега ќе станеш легенда – ама не како новинар, туку како непријател. Како обележан. Како оној што удри по гроб – и го разбуди живиот.

Стапот има два краја. Твојот е безмилосен. Без прошка. Без заборав.

Ова нема да помине. Ова ќе ти се врати. Не како текст – туку како живот. И нема крај додека ние не кажеме дека е завршено.

🩸 Клетвата си ја заработи. Осветата ќе си ја добиеш. Секој што ќе го носи моето име – ќе знае што направи ти. А и ти ќе знаеш: го направи на погрешни луѓе.

Најнови вести од: Македонија

Барања, закани и предупредувања на протестот на студентите-Албанци: Држава што не ги спроведува правата не може да постои! – За албанскиот јазик не се преговара!

Во Скопје денеска се одржа студентски протестен марш на кој албанските студентите- Албанци протестираа, поради, како што тврдеа, „неспроведување на Законот за употреба на јазиците при полагањето на правосудниот испит“. Маршот започна од плоштадот „Карпошово востание“, продолжи преку Камениот мост и заврши пред Министерството за правда, каде што беше побарана оставка на ресорниот министер Игор Филков. Информативната агенција Нетпрес извести дека со албански и американски знамиња, како и со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, студентите протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Не беше видено македонско знаме, знамето на државата Македонија, во чиј главен град Скопје се протестираше и се бараше односната употреба на албанскиот јазик.

Скопјанецот С.Д. (54) бил нападнат од Ј.М. (29) од Крива Паланка, па потоа го истепал него, брат му и другарот!

Вчера на 5 април 2026 година околу 22 часот во СВР Скопје С.Д. (54) од Скопје пријави дека околу 21 часот во домот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Ј.М.(29) од Крива Паланка.

Од 10 април 2026 почнува електронската евиденција за македонските граѓани за влез во ЕУ

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги известува граѓаните дека од 10 април 2026 почнува целосната примена на системот за влез во ЕУ (EES – Entry/Exit System). Со тоа на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјаните што патуваат за краткорочен престој, а се од држави што не се членки на ЕУ.

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Најнови вести

To top