Македонија

Мицкоски за најавениот протест: Нe дозволувајте да бидете алатка на партија која живее во минатото

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика кандидатите кои треба да го полагаат правосудниот испит да не дозволат да бидат искористени како алатка во рацете на една опозициска политичка партија „која сѐ уште живее во минатиот век“.

Реагирајќи на најавата за протестен марш утре пред Министерството за правда, поради неможноста дел од кандидатите да го полагаат испитот на албански јазик, Мицкоски истакна дека за ова прашање ќе биде најдено соодветно решение.

„За жал, овој протест е силно поддржан од една опозициска политичка партија, која повеќе од 20 години не успеа да го реши ова прашање и сега е лицемерно на овој начин да комуницира со јавноста“, рече Мицкоски.

Тој потсети дека Законот за употреба на јазиците, донесен од претходната влада, е оспорен пред Уставниот суд, особено делот што се однесува на правосудството. Премиерот посочи дека за тој закон постои и негативно мислење од Венециската комисија, која препорачува напуштање на двојазичноста во правосудството поради предизвиците поврзани со владеењето на правото.

„Имајќи го сето ова предвид, ние како Влада формиравме група од уставни експерти кои работат на решение кое ќе биде и уставно и во согласност со меѓународните стандарди. Јас ги уверувам студентите дека, како што се најдоа решенија за многу други предизвици и пропусти од минатото, така и за ова прашање ќе се изнајде соодветно решение“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека верува дека кандидатите го знаат тоа и повторно ги повика да не дозволат да бидат искористени од политичка партија која „живее во спомените, односно во минатиот век“.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top