Македонија

Кривична пријава против градоначалникот на Струга за „несовесно работење“, незаконски назначил в.д. директор на „Водовод и канализација“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга М.Ќ.(65) од с.Биџево, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во својство на градоначалник на општина Струга, спротивно од Законот за јавни претпријатија, на 18.11.2025  М.Ќ. донел одлука за именување вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, со која го назначил М.Ј. од Струга, и покрај тоа што знаел дека нема соодветно образование и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик и оти не исполнува повеќе услови од Законот јавни претпријатија.

Со тоа му овозможил противправно да оствари парична корист по основ на плата и придонеси како директор на ЈП „Водовод и канализација“-Струга.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top