Македонија

Кој ќе биде новиот гувернер на Народна Банка?

Зоран Ставрески и Трајко Славевски се најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка, по истекот на мандатот на актуелната гувернерка Анита Бежоска-Ангеловска на 22 мај. Според внатрешната анкета на ВМРО-ДПМНЕ, прв на листата е Ставрески, а зад него Славевски. За функцијата се споменуваат и други кандидати, вклучувајќи ја и Маја Кадиевска Војновиќ, член на […]

Зоран Ставрески и Трајко Славевски се најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка, по истекот на мандатот на актуелната гувернерка Анита Бежоска-Ангеловска на 22 мај.

Според внатрешната анкета на ВМРО-ДПМНЕ, прв на листата е Ставрески, а зад него Славевски.

За функцијата се споменуваат и други кандидати, вклучувајќи ја и Маја Кадиевска Војновиќ, член на Надзорниот одбор на КИБС и Стопанска банка Битола.

Предлогот за нов гувернер треба да биде доставен до Собранието од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top