Македонија

Ќоку: За Вреди е важно е дијаспората да гласа без разлика на формата

За нас е важно е дијаспората да има можност да гласа без разлика дали преку електронско гласање или по пошта, но да бидат безбедни, транспарентни и сигурни форми и во согласност со меѓународните стандарди – истакна денеска координаторот на пратеничката група на ВРЕДИ, Беким Ќоку, по одржаната средба во Собранието помеѓу политичките партии за Изборниот законик.

-Нашата дијаспора не е само дознаки и помош на роднините. За неа не може да се сети само кога испраќа пари. Таа е неразделен дел од нашето општество и секако мора да има можност да биде дел и од политичкото одлучување. Ова ѝ го должиме. Ние не сметаме дека блокадите на опозицијата со илјадници амандмани му служат на овој процес. Граѓаните очекуваат решенија, а не пречки и блокади. Измените во Изборниот законик предизвикаа голема дебата во јавноста овие денови. Дел од оваа дебата се води околу стравот на гласањето на дијаспората наместо да се фокусира на она што е суштинско, како изборниот процес да го направиме подемократски и поинклузивен – рече тој.

Ќоку потенцира дека нашата дијаспора е неразделен дел од политичкиот и општествениот систем на нашата земја. -Таа не е туѓо тело. Затоа, треба да се третира со почит без да се нарушат нејзините политички и граѓански права. За Вреди ова е еден од најважните процеси во рамките на Реформската агенда и приближувањето на земјата кон европските стандарди изјави Ќоку.

Најнови вести од: Македонија

ЕУ останува стратегиски приоритет за Македонија

Заменик претседателот на Владата на Македонија Александар Николоски денеска оствари работна средба со членови на Европскиот Парламент во рамки на 25- состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Во средиштето на разговорите беа европската интеграција на  Македонија, реформскиот процес и чекорите, што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

To top