Македонија

Корупциски скандал на албанска министерка Балуку поврзувана со спорни зделки во Македонија со Дрин Ахмети, внукот на Ахмети

„Ја допира и Македонија албанскиот корупциски скандал на фирма-партнер на Дрин Ахмети и ‘Ѓока Констракшн’: во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми ‘ПЕ-ВЛА-КУ’ и ‘Ѓока Констракшн’, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Специјалната антикорупциска структура – СПАК во Тирана ја суспендираше вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку и ѝ забрани да ја напушти Албанија, поради сомнежи за местење тендери и злоупотреба на службена положба. Според соопштението, Балуку заедно со членови на тендерските комисии однапред ги договарале победниците во две големи постапки – за тунелот Логара и за надворешната обиколница број 4 околу Тирана, при што фаворизирале конкретни приватни компании и создавале неправични предности во процесот.

Во документите за јавни набавки се појавуваат и албанските фирми „ПЕ-ВЛА-КУ“ и „Ѓока Констракшн“, кои во последните години беа поврзувани со спорни зделки и во Македонија. „ПЕ-ВЛА-КУ“ беше партнер на „Тхор Индустрис“ на Дрин Ахмети во време на преземањето на ТЦ „Соравија“ во Скопје, а „Ѓока Констракшн“ беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар. Во Албанија, „ПЕ-ВЛА-КУ“ работела на обиколницата околу Тирана, а „Ѓока Констракшн“ фактички го градела тунелот Логара како подизведувач иако тендерот првично бил поништен, објави информативниот портал „Скопје1.мк“.

Албанскиот премиер Еди Рама не одговори дали ќе ја разреши Балуку, но го критикуваше СПАК дека се меша во ингеренциите на извршната власт. Одлуката е еден од најголемите удари на СПАК врз висок функционер во земјата и отвора дополнителни прашања за регионални врски, влијание и сомнителни деловни практики на компаниите кои настапуваат и во Македонија. Истрагата продолжува и се очекува проширување на мерките.

Најнови вести од: Македонија

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

Пациентите биле неправилно лекувани и нивниот животен век бил скратен – вештак од Србија во случајот „Онкологија“

Радославевиќ, во своето вештачење, констатира дека пациентите “биле неправилно лекувани и дека нивната здравствена состојба била влошена и со тоа нивниот животен век бил скратен”

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески оти вработени земале плата без мандат

Како што велат од СДСМ, Славески со своето постапување грубо ги прекршил законските обврски и ја довел во прашање законитоста на работењето на Народната банка, предизвикувајќи штета врз институцијата и правниот поредок.

To top