Македонија

Кос: Имате шанса што нема да трае вечно

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа

„Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан. Слушам слични мислиња во Копенхаген (Данска го презема претседателството денеска) во Берлин, во Варшава и во Париз и го подвлекувам ова, затоа што сакам да бидам јасна дека има јасен консензус за дополнително и идно проширување, сега. Не беше така во минатото, но имате шанса, што морате да ја искористите, нема да трае секогаш и гледаме значаен прогрес“, рече Кос.

Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна Херцеговани и Србија. Посочи дека Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што како што рече – „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.

„Доколку продолжиме вака, ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и како што ви кажав вчера, едвај чекам да го прославиме отварањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова влада. Господине Курти, вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме да одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст. Драг Христијан, ви кажав дека сме успешни и се разнежувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг“, рече Кос во своето обраќање.

Еврокомесарката за проширување, Кос додаде дека сака да помогне за да се премине преку целта.

„Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие допираат закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водат оваа промена“, порача Кос.

Таа во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

„Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои сè уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните, и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на  повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, коишто први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого“, рече Кос.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Нема да дозволиме профитерство, рече Мицкоски по средбата со газдите на маркетите

По средбата на претставниците на маркетите и премиерот во Владата е заклучено дека не треба да има ново зголемување на цените. Премиерот порача дека нема да се дозволи профитерство на грбот на граѓаните.

(Видео): Синдикатот за култура со кривична за министерот Љутков – тој пак тврди: Барањата за раст на платите се незаконски

Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против министерот за култура, за злоупотреба на службената положба и кршење на правата на вработените. Според претседателката на синдикатот, Вера Атанасовска министерот со инструкции испратени по е-пошта се обидел да ги поткопа правата на вработените и колективните договори. Синдикатот наведува дека повеќе од 800 пријави се поднесени од вработените во културата и дека постојат правосилни судски одлуки во нивна корист.

Николоски од Вашингтон: Разговаравме за економска соработка, енергетската транзиција и изградба на коридори

На средбата со Даниел Лотон, заменик-помошник државен секретар за Европа, беше нагласено силното партнерство меѓу двете земји, засновано на меѓусебна поддршка и споделена посветеност на демократските вредности, како и на создавање подобри перспективи за економска и трговска соработка, соопшти Министерството за транспорт.

Кај судијата Ѓоко Ристов пронајдени судски предмети, кои не ги гибал сѐ до истекување на роковите, најверојатно за да застарат!

Судскиот совет констатира сериозни сомнежи за несовесно и нестручно постапување на судија од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што довело до апсолутна застареност на предмети. Во извештаите се наведува дека дел од предметите биле чувани во фиока сè до истекување на роковите за кривичен прогон. Иако на седницата не беше јавно посочено името на судијата, досегашните сознанија имплицираат дека е тоа судијата во Апелацискиот суд Ѓоко Ристов. Против него и порано беа поднесувани анонимни претставки до Судскиот совет.

To top