Македонија

Кос: Многу земји имаат заедничка историја – да се насочиме на иднината

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека „иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно“. „„Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Најголема желба на Македонија е нејзиниот пат кон Европската Унија и полноправното членство да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата или минатото, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција по Министерскиот состанок за Коридорот 8 во Софија, одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од денешната средба со неговата бугарска колешка, Велислава Петрова Чамова.

Тој порача дека Македонија во односите со соседите и со земјите-членки на ЕУ ќе продолжи да се раководи од добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право. „Во сите наши односи со сите наши соседи и со сите земји членки во Европската Унија, секогаш ќе се однесуваме врз основа на добрата волја и почитувањето на меѓународното јавно право“, истакна Муцунски.

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова оцени дека има напредок кај земјите од Западен Балкан во процесот на европската интеграција и изрази надеж дека тоа ќе се однесува на сите земји од регионот, вклучително и на нашата земја. Таа нагласи дека секторската соработка е важна, но дека за напредок е потребна и континуирана политичка волја. „Важно е да ја одржуваме секторската соработка, но таа е само еден елемент, и важно е политичката волја во оваа насока да продолжи да постои, за навистина во следните години да видиме развој и во оваа насока“, рече Петрова Чамова.

Во однос на претстојната средба таа изјави дека ја гледа како нормален дел од билатералниот дијалог меѓу двете земји и посочи дека очекува довербата да се гради преку конкретни чекори и исполнување на преземените обврски. „Ја доживувам оваа средба како нормален дел од билатералниот дијалог меѓу две земји. Што се однесува до градењето доверба, сметам дека најдобриот пристап за градење доверба е исполнувањето на преземените обврски“, додаде таа.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, одговарајќи на прашањето за очекувањата од средбата, рече дека двајцата министри самите ќе ги соопштат по средбата, но нагласи дека за Европската комисија особено важно е градењето доверба и соработката во областите каде што тоа е можно. Според неа, токму таквата соработка може да ги отвори вратите за поширока соработка, а регионалната соработка и добрососедските односи се меѓу основите на Европската Унија. „Многу е важно да се гради довербата. Ние сме на добар пат, а исто така сме на пат да соработуваме во областите каде што тоа е можно, и можеби тоа може да ни ги отвори вратите за поширока соработка“, рече Кос.

Таа нагласи дека Коридорот 8 е пример за европски проект и за поврзување на земјите, посочувајќи дека С Македонија и Албанија се земји кандидати, Бугарија е земја членка, а мрежата на поврзаност може да се прошири и кон Романија, Грција, Италија и Косово.

Кос порача дека иако многу земји имаат заедничка историја, фокусот треба да биде на иднината и на она што може да го постигнат заедно. „Многу земји имаат заедничка историја. Добро е што го признаваме тоа, но да гледаме кон иднината и кон она што можеме заедно да го постигнеме“, истакна Кос.

Најнови вести од: Македонија

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

Силјановска-Давкова: Ние сме рекордери во промената на Уставот, за три децении 36 пати!

Уставот е закон над законите и најважниот општествен договор – истакна денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова на отворањето на научната конференција по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав на Република Македонија. Конференцијата е во организација на Собранието, ЈНУ Институт за национална историја и Државниот архив.

Христовски: Мала е опасноста од терористички активности во Македонија

„Мала е опасноста од од терористички активности во Република Македонија, каква што е подолго време наназад, и покрај глобалните трендови на зголемување.“ – изјави денеска директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски, откако беше запрашан за состојбата во Македонија, поврзано со повикот на американската амбасада во Бугарија до своите граѓани за внимателност во Бугарија.

„Рамковниот“ и „преспанскиот инженеринг“ на Уставот од 17 ноември 1991 со 36-те амандмани за 35 години целосно ја урнисаа македонската „уставна приказна“ (4)

Првиот устав на независна Македонија од 17 ноември 1991 година е од редот на така наречените „национални устави“. Во најголемиот број негови суштински елементи тој беше на исто ниво и содржински и во поглед на содржаните принципи како и 165 од вкупно 189 национални устави во светот. Во изминатите 35 години до денес извршени се осум пати дури 36 амандмански  интервенции во уставот, од што двапати во преамбулата, во 2001 и 2019 година:  никаде во ниеден устав на ниедна држава во светот не се вршени упаѓања во преамбула со амандмани. Ова што се случувало со македонскиот устав од 1991 година. по барање на Грција во 1992 година, потоа „рамковниот инженеринг“ во 2001 година и бришењето на националниот, асномски карактер на Македонија како држава, па „преспанскиот инженеринг“ и бришењето дури и името Македонија на државата со амандмани во преамбула, сето тоа доволно јасно говори каков е сегашниот устав. Тој е сега идентитетски обезличен, со избришана државотворност на македонскиот народ и на неговите врски со матичната држава, за која војувал, со присилно „ампутирани“ врски и со Македонците во соседните држави како тамошни малцинства.

АНБ: Криминални структури подготвувале атентат во соседна земја

Станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаат подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт, атентат врз претходно дефинирано лице, во Грција

To top