Македонија

Кос се надева дека новата влада во Бугарија ќе помогне да почнат преговорите со Македонија

Еврокомесарката за проширување одговори на сомнежите на бугарскиот европратеник Волгин за македонската ангажираност за ЕУ

facebook.com/marta.kosmarko

Еврокомесарката за проширување Марта Кос кусо одговори на констатацијата на бугарски европратеник околу интеграцијата на Македонија во Европската Унија.

„Се надевам дека новата влада во Бугарија ќе ни помогне да ги започнеме преговорите со Северна Македонија за пристапување во ЕУ“, е коментарот на Кос на обраќањето кон неа од Петар Волгин од ултранационалистичката Преродба: „Се чини дека земјата ја доведува во прашање преговарачката рамка договорена од земјите-членки во 2022 година. Ова покренува сериозни сомнежи за посветеноста на Северна Македонија да ги почитува договорените услови“.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top