Македонија

Костадинов од Преродба бара обединување на Бугарија со Македонија по примерот на СРГ и ДРГ!

Спојувањето по моделот на Западна и Источна Германија било можно во следните неколку години, според лидерот на партијата

Костадин Костадинов, бугарски пратеник и лидер на партијата Преродба, во Народното собрание предложи повторно основање на Бугарија, кон која би биле припоени Македонија и дел од Украина.

„Нашето обединување со Република Северна Македонија по моделот на Сојузна Република Германија и Демократска Република Германија, како и враќањето на Јужна Бесарабија кон Бугарија, е цел што може да се постигне во следните неколку години“, нагласи Костадинов.

Шефот на крајно десничарската партија со 33 пратеници од вкупно 240 во бугарското Собрание, како и со тројца европратеници, го образложи овој предлог со историски и геополитички аргументи поврзани со бугарската дијаспора во регионот.

Костадинов инсистира и за преиспитување на учеството на Бугарија во сите меѓународни сојузи, вклучувајќи ги ЕУ и НАТО, односно излегување од нив ако не ги исполнуваат националните интереси.

Тој го намали значењето и на бугарското членство во Еврозоната, поврзувајќи го со економски проблеми и социјални предизвици, нагласувајќи дека Бугарија редовно е на врвот на негативните рангирања, вклучувајќи: најниска стапка на наталитет во ЕУ, најниски приходи меѓу земјите-членки на ЕУ и проблеми со образованието и здравствената заштита.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top