Македонија

Костадиновски: Што е спорно ако биде Наумовски уставен судија? И јас сум бил советник на тројца претседатели!

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, без оглед што бил советник на премиерот, смета претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски.

– Кога доаѓаат луѓе од  факултетот, тоа е за мене добра вест за уставното судство. Извршувањето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Нема никакво значење дали дали бил советник на премиер, ниту тоа што и ја самиот сум бил советник на тројца претседатели. Нашата работа се цени токму во оваа сала. Јас повеќе пати имам кажано и сите мои шест досегашни книги се посветени на лојалноста кон Уставот. Лојален сум на Уставот и никому друг. И тоа го очекувам и од новиот колега, ако биде избран, и од другиот што треба да биде, и од досегашните судии – рече Дарко Костадиновски.

За предлогот на ДУИ да има бадинтер и во Уставниот суд, Костадиновски истакна дека бадинтеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи какво што е Собранието, каде што се донесуваат, се изменуваат и се дополнуваат законите.

–  Уставниот суд не е политички орган. Ако се примени бадинтер во Уставниот суд, тоа ќе значи дека друг тип расудувања, неправни расудувања, ќе одлучуваат за уставноста и законитоста, како и за слободите и правата на човекот и граѓаните. Такво нешто нема никаде во светот. И затоа бев малку поостар во смисла дека ако такво нешто се случи, подобро е оваа институција да стави клуч и оти ќе нема потреба од постоење на оваа институција, ако нешто такво се предвиди тука. Законите и нивната примена значат гаранции за слободите и правата на секој еден граѓанин, и на немнозинските заедници. Тоа е смислата на бадинтеровиот принцип. За бадиентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет, затоа што други критериуми се. Кога имате бадинтеров принцип, нема правни аргументи. Друг тип на аргументи ќе пресудуваат за одлуките – истакна тој.

За Законот за употреба на јазиците, Костадиновски рече уште е во сила заклучокот оти треба да има подготвителна седница. 

– Очекувам многу брзо да се комплетира Уставниот суд и веднаш на првиот работен состанок ќе се отвори прашањето, природно. Ние имаме заклучок дека подготвителна седница треба да се одржи. Тој не е сменет. И никој од судиите не побарал да се смени. Кај нас одлука носат пет гласа. Можеби некој судија ќе рече дека нема потреба за подготвителна седница, па тој предлог ќе оди на гласање. Сега во моментов, сѐ уште е во сила заклучокот дека треба да се одржи подготвителна седница и треба да се одржи, ако јас се прашувам, бидејќи беше мој предлог. Зашто е добро? За таа подготвителна веќе имаме донесено став, ќе се снима во живо, секој еден граѓанин ќе може на својот телефон да види за што ние расправаме во суштина – рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски апелира граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации.

– Многу ми е битно граѓаните да слушнат за што всушност ние зборуваме, дека нашите одлуки не се страшила. Дали се случи нешто страшно со Балансерот со нашата одлука? Сега ќе има законско решение. Пред тоа беше уредено со подзаконско решение. Уставна материја операционализирана со подзаконски решенија. Не постои такво нешто. Уставните определби се операционализираат со законски решенија, а законските со подзаконски. Верувам дека тој закон ќе биде подобар. Штом го поминал и филтерот на Венецијанската комисија, барем според јавно достапните информации. Треба да престанеме да глумиме владеење на право и да глумиме правна држава. Или сме правна држава, или владее правото, или за 10 години ќе се чудиме повторно како ќе се најдеме – рече тој.

Во однос на барањето на албански студенти правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Костадиновски нагласи дека не сака да прејудицира нешто и ќе се воздржи од коментар на оваа тема кога има предмет за Законот за употреба на јазиците.

Според Костадиновски, линеарното зголемување на пензиите, начелото на јавност во судството, Законот за потрошувачите, нерезидентните, глобалниот данок… се дел од предметите кои се од повисок општествен интерес.

Плус инфо

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top