Македонија

Ковачев: Мицкоски да не бара 200 илјади Македонци кај нас, Георги Димитров изврши предавство

Потпретседателот на ГЕРБ и на ЕПП одново се нафрли врз македонскиот премиер во бугарски медиум

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев го повика македонскиот премиер да не ѝ поставува услови на земја-членка на Европската унија, барајќи права за 200 илјади Македонци во Бугарија кои, според него, ги измислил „предавникот“ Георги Димитров со принуда на населението во Пиринска Македонија.

„Премиерот Мицкоски секој ден зборува за историја, за Гоце Делчев, за Даме Груев, за Илинденското востание, за Крушевската Република. Нема проблем – може да зборува, ова е дел од нашата заедничка историја. Христијан Мицкоски и јас се познаваме добро долго време, заедно сме во ЕПП. Последен пат се видовме во Валенсија и повторно разговаравме за тоа Бугарите во Македонија да не бидат дискриминирани.

Мицкоски ги напаѓа претходните владетели на земјата за предавство со потпишувањето на договорот со Бугарија и прифаќањето на европскиот предлог за почеток на преговори. Основата на неговата политика е тврдењето дека никогаш нема да се предаде на бугарскиот диктат. Тој смета дека почитувањето на правата на нашите сонародници во Република Македонија е диктат. Тој, исто така, изнесува исклучително скандалозни аргументи, прашувајќи каде ‘исчезнале 200 илјади Македонци’ во Бугарија од пописите за време на комунизмот. Факт е дека кон крајот на 1940-тите, Бугарската комунистичка партија и Георги Димитров извршиле предавство со потпишувањето договор со кој Бугарите во Пиринскиот регион се принудени да се пишат како Македонци. Сега Мицкоски прашува каде се овие Македонци. Тој исто така вели дека Бугарија мора да признае македонско малцинство. Гледате, тој поставува услови за земја која е членка на Европската Унија“, изјави во интервју за бугарски „Филтер њуз“ потпретседателот на ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов, кој пред неколку дена се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на патот кон Унијата.

Ковачев е потпретседател и на пратеничката група на Европската народна партија (ЕПП) во ЕП, во која членува и ВМРО-ДПМНЕ чиј лидер е Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top