Македонија

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

Генералниот секретар натаму во својата објава на општествената мрежа истакнува: Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство.

Дедото се клањал на едни, таткото на други, а внукот ја мери силата и правецот на ветерот и однапред си се наведнува. Вчера клечеле пред Софија, утре пред Белград, задутре пред Москва…адресата се менува, ама држењето (виткањето) не. Што би рекол народот: Трета генерација исправен грбник не памети. 

Тоа што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина и го нудат како единствен разумен пат, не е ништо друго туку обид за да си ја кренат цената, притоа не сфаќајќи дека не само што така си ја спуштаат сопствената цена, туку истовремено ја креваат летвичката за сопствената татковина повисоко.

Но, Македонија нема време за губење со таквите структури. Одиме напред, порачува Драган Ковачки во својата објава на фејсбук. 

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top