Македонија

Крај на неказнивоста, законот важи за сите, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Во време на владеењето на СДС и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност. СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите, велат од владејачката партија.

„Секој којшто го прекршил законот мора да одговара.

Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат.

Екс државен правобранител обвинет за мито вредно 3 милиони денари

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја повикуваат јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции.

„Во време на владеењето на СДС и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите.

СДС и ДУИ поради недостиг од транспарентност и отчетност придонесе во продлабочување на перцепцијата на неказнивост и зголемување на криминалот и корупцијата во секоја пора во општеството.

Времото на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поддршка на земјоделците преку конкретни мерки и политики кои ќе обезбедат развој и стабилност на секторот“, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top