Македонија

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

Во непосредна близина на дискотеката „Пулс“, на влезот во Кочани, е поставен голем крст во чест и спомен на загинатите во трагедијата што го погоди градот.

Крстот е висок 17 метри и широк 12 метри, а го освети митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештенослужителите од храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани.

Тој посочил дека спомен-обележјето ќе остане и како потсетник на болката што ја остави трагедијата во Кочани.

„Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот со којшто е победена смртта, да ги победуваме сите искушенија и страданија во овој свет“, истакнал митрополитот.

Крстот е изграден со поддршка од Брегалничката епархија, општествено одговорни компании и Општина Кочани.

Општината ја обезбедила проектната документација и потребното одобрение, односно решение за поставување на спомен-обележјето.

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година и однесе 63 животи, а повеќе од 200 лица беа повредени.

Најнови вести од: Македонија

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

Даниловски: Одложувањето на БСЖ- вакцината е мерка на претпазливост

Донесен е заклучок времено да се одложи БСЖ-имунизацијата до добивање целосни информации за сериите, нивниот квалитет и евентуалната поврзаност со појавата на несаканите реакции кои се појавија во Хрватска, вели епидемиологот

To top