Македонија

Куп пропусти: Уништени над 355 тони отровна храна, изречени казни од 618.000 евра

Контролите ги спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна и опфатиле домашно производство и промет, дистрибуција, угостителски објекти, како и увоз и извоз на храна и добиточна храна. Посебен фокус бил ставен на почитувањето на добрата хигиенска и производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, правилното означување на производите и здравствената заштита на животните. Од АХВ велат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик.

Над 125 илјади инспекциски контроли биле спроведени минатата година во областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Контролите ги спровеле официјалните ветеринари и инспекторите за храна и опфатиле домашно производство и промет, дистрибуција, угостителски објекти, како и увоз и извоз на храна и добиточна храна. Посебен фокус бил ставен на почитувањето на добрата хигиенска и производствена пракса, НАССР системот за безбедност на храната, правилното означување на производите и здравствената заштита на животните. Од АХВ велат дека инспекциските надзори биле спроведувани врз основа на проценка на ризик.

  • Објектите со повисок ризик беа контролирани почесто, со цел навремено откривање и спречување на можни опасности по здравјето на граѓаните – наведуваат од Агенцијата.

Само во внатрешниот промет, во текот на 2025 година биле реализирани 47.200 инспекциски контроли, во рамки на редовни и вонредни надзори. Притоа биле издадени 5.406 решенија, изречени 1.073 прекршочни платни налози, а поднесени се и 10 прекршочни и 8 кривични пријави, сите поврзани со здравствената заштита и благосостојбата на животните.

Вкупната вредност на изречените казни изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.

Во рамки на контролите, инспекторите одзеле и нештетно уништиле 355.377 килограми небезбедна храна, меѓу кои месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, риба, јаткасти плодови, кондиторски производи, како и алкохолни и безалкохолни пијалаци.

  • Одземањето и уништувањето на небезбедната храна е една од клучните мерки за заштита на здравјето на потрошувачите – нагласуваат од АХВ.

Покрај домашниот пазар, спроведени биле и 78.016 контроли на увозни и транзитни пратки, со храна од животинско и неживотинско потекло, материјали што доаѓаат во контакт со храна, добиточна храна и живи животни.

Како небезбедни биле уништени осум пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, додека една пратка била вратена во земјата извозник.

Дополнително, уништени биле три пратки со храна од животинско потекло со вкупна количина од 22.061 килограм, а 16 пратки биле вратени како небезбедни. Од Агенцијата порачуваат дека инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се обезбеди безбедна храна и повисоко ниво на заштита на здравјето на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top