Македонија

„Купувајте македонски производи“: Андовска за дуелот Јанчев – Силјаноски

Деканката на ФМУ со поддршка за македонската музика и естрада во контекст на „Тиквешкиот гроздобер“

Деканката на Факултетот за музичка уметност – Скопје, Дарија Андовска, со свој став во врска со јавната дебата меѓу кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и пејачот Спасен Силјаноски околу изборот на (српски) изведувачи на годинашниот „Тиквешки гроздобер“.

„Годинава имав среќа
да поминам неколку часа на плажа во Охрид.
На плажава, освен гужва,
си цепаше Оливер Драгојевиќ и слично,
та не знаеш дали си во Далмација или Македонија.
Си помислив – туууу, па можеше,
ако ништо друго,
бар една песна од Тоше да пуштат.
(инаку ич не сакам музика на плажа,
а ни гужва,
ама така се погоди,
немаше време да се брка друго место)
Не, не е тревата позелена кај комшијата.
Тревата е позелена таму кајшто ја полеваш.
Купувајте македонски производи
#поддршказамакедонскатамузикаиестрада“, напиша Андовска на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top