Македонија

Квадрат метар стан во Скопје стигна до 3.700 евра

Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, објаснува дека станува збор за купопродажба на стан во нова зграда, директно од инвеститор

Цените на недвижностите во Скопско продолжуваат да растат, а најновите податоци од Катастарот откриваат нов рекорд на пазарот.

Општина Центар останува најскапото место, со регистрирана цена што го надминува прагот од 3.000 евра за квадратен метар.

Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, во гостување во емисијата „Бизнис21“ откри дека највисоката тргувана цена на недвижности во Скопско во третиот квартал достигнала 3.070 евра за квадратен метар, и тоа во Општина Центар.

Како што објасни, станува збор за купопродажба на стан во нова зграда, директно од инвеститор.

„Апсолутно, ова се однесува на нови станови во центарот на Скопско. Но, просечната цена во Центар е околу 1.600 евра за квадратен метар“, рече Живковски.

Според него, граѓаните треба да имаат предвид дека просечната цена е пониска бидејќи статистиката ги вклучува и постарите станови, вклучувајќи ги и оние изградени пред земјотресот, кои честопати немаат лифт и бараат значителни инвестиции за реновирање.

Живковски објасни дека на просекот влијаат и купувањата каде што цената била одредена со прелиминарни договори склучени пред неколку години, додека зградата била во почетна фаза на изградба.

„Ако главниот договор бил склучен денес, а прелиминарниот договор бил потпишан пред три или четири години, граѓаните тогаш плаќале многу пониска цена, бидејќи огромното зголемување што го детектиравме во последните години сè уште не било присутно“, нагласи Живковски.

 

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top