Македонија

Лебот нема да поскапи до крај на април

Од Министерството и индустријата нагласуваат дека заеднички ќе ја следат ситуацијата, особено во однос на движењето на цените на нафтата и енергенсите. Доколку дојде до влошување, ќе се бараат мерки за да се спречи раст на цените во овој сектор.

Цените на лебот и пецивата засега остануваат стабилни и нема да има поскапување најмалку до крајот на април, беше заклучено на состанокот во Министерство за економија со претставници на мелничко-пекарската индустрија. Според учесниците, цените не се зголемени во 99 отсто од државата, а компаниите од секторот се договориле да ги задржат на сегашното ниво и во наредниот период. Состојбата ќе се следи континуирано, а доколку има промени на пазарот ќе се прават дополнителни анализи.

На состанокот присуствувале претставници на Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, како и заменик-министерот за економија Марјан Ристески и директорот на Државен пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

Од Министерството и индустријата нагласуваат дека заеднички ќе ја следат ситуацијата, особено во однос на движењето на цените на нафтата и енергенсите. Доколку дојде до влошување, ќе се бараат мерки за да се спречи раст на цените во овој сектор.

Претставниците на мелничко-пекарската индустрија апелираат и до медиумите и политичките чинители да не се создава паника кај граѓаните со шпекулации за поскапување, бидејќи тоа може да предизвика дополнителна несигурност на пазарот.

  1. Моменталната состојба со цените на лебот и печивата е под контрола и тие не се покачени во најголем дел од државата.
  2. Како општествено одговорна индустрија, претставниците и членовите на мелничко-пекарскиот сектор одлучија цените на лебот и печивата да не се покачуваат, односно да останат на истото ниво до крајот на април, а во меѓувреме ќе се следи и ќе се анализира состојбата.
  3. Министерството за економија, како и Владата на РСМ, се заложија заеднички со компаниите да ги следат состојбите и, во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со домашните мелничари и производители на леб да изнајдат решенија со кои ќе се релативизира опасноста од зголемување на цените во оваа индустрија.
  4. Наедно, мелничко-пекарската индустрија апелира до сите медиуми и политички чинители во државата да не ја користат актуелната состојба во овој сектор во делот на цените на лебот и печивата со создавање паника и несигурност меѓу граѓаните, со што се предизвикуваат штети и за населението и за компаниите.

Најнови вести од: Македонија

Блокирани 104 веб-страници за незаконско коцкање преку интернет

Министерството за дигитална трансформација информира дека министерот Стефан Андоновски издал налог до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа.

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

Најнови вести

To top