Македонија

Легендарниот македонски воен репортер замина во пензија

Известувал од повеќе воени боиштата во регионот и светот а важи за одличен познавач на НАТО алијансата и ЕУ

Драги мои пријатели и колеги, човек не може да биде посреќен во вакви моменти на вашето почитување и професионално и лично другарување. До сите, од се срце најдлабока благодарност, го разубавивте денот.

Ова е пораката упатена од Зоран Богатинов по последната редакциска работна средба со колегите во Македонската радиотелевизија.

Зоран Богатинов е истакнат македонски новинар, уредник и воен репортер со долгогодишна кариера во медиумскиот простор, најпрепознатлив по својот ангажман во националниот јавен сервис Македонската Радиотелевизија.

Има богато професионално искуство како воен известувач од конфликтите од поранешна Југославија.
Богатинов е специјализиран за надворешна политика, глобални геополитички случувања, безбедносни прашања и анализи за глобалните конфликти.

Како колумнист објавува авторски текстови и политички колумни за македонски медиуми каде што ги анализира евроинтеграциите и стратешките позиции на Македонија.

Најнови вести од: Македонија

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top