Македонија

Лекарка од Онкологија сведочеше за дозите на лекови кои не смеат да се даваат на пациентите

Нови сведочења во случајот „Онкологија 1“

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во врска со случајот „Онкологија“, пред Судот сведочеа двајца лекари специјалисти и застапници на оштетени пациенти. Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт, која долги години работела на клиниката, појаснуваше во врска со тоа со кои лекови може да се комбинира лекот палбоциклит.

Таа посочи дека тој не се комбинира со хемотерапија или бевацизумаб, туку со хормонска терапија како анастерзол или фулвестранд.

-Лекот палбоциклит не се дава заедно со хемотерапија или бевацизумаб. Во клиничка пракса се комбинира со една хормонска терапија, како анастерзол или фулвестранд, но не и со мегаце, рече таа.

Додаде дека во периодот кога работела на клиниката, секој лекар давал предлог за терапија, но конечната одлука ја носел директорот, а конзилиум за таргет терапија немало.

-Во периодот за кој што ме прашувате, секој лекар специјалист пишува предлог за терапија вклучително биолошката и имуно терапијата, но потоа историите на пациентите одеа на одобрување и потпис кај директорот, рече таа, додавајќи дека немало конзилиум.

Зоран Атанасов, доктор со 35-годишно искуство, сведочеше дека одлуките за таргет терапија прво се носеле со параф на директорот, а потоа бил воведен стручен колегиум со раководители на оддели.

-Прво беше со параф на директорот, а потоа направивме конзилиум каде што се присутни сите раководители на оддели и каде се одлучува која и дали таа терапија ќе се прима, рече тој.

Според него, протоколите за дозирање на лекови се менуваат со напредокот на науката, а секоја терапија мора да биде поткрепена со медицински анализи.

На рочиштето, обвинетата Симонида Црвенковска поставуваше прашања до колегите за начинот на давање одредени терапии, додека обвинителството настојуваше да утврди дали постапките биле во согласност со протоколите.

Сведок – син на оштетен пациент изјави дека татко му примал терапија и зрачења, но имал проблеми со закажување на ПЕТ скен, кој наместо во јуни бил направен дури кон крајот на август.

– Во поглед на пет Скен требаше да се прави во јуни месец за што ме информираа дека списоците ги прави д-р Нино Васев, јас само отидов кај Васев во канцеларија каде што беше присутен тој и уште една госпоѓа претпоставувам медицинска сестра. Му кажав зошто сум дојден, го запиша името и презимето на мојот татко и мои контакт информации и ме извести дека тоа е списокот за пет Скен, обично на две до три недели ги викаат пациентите за снимање. Чекавме две три четири недели, не ни се јави никој, отидов повторно кај д-р Нино Васев и идентично повторно зема бел лист хартија и рече еве повторно го почнуваме новиот список и повторно го запиша. Од пет центарот вториот пат бев известен дека името на татко ми и на вториот список воопшто го нема, раскажа тој.

Сведокот наведе дека дијагнозата од Дубаи – неситно клеточен аденокарцином во четврти стадиум – била потврдена и со повторни испитувања во приватна лабораторија во Македонија. Тој потврди и дека татко му примал крвна трансфузија и терапија против болка и најави дека се приклучува кон кривичниот прогон.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, заедно со уште двајца онколози Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти. Постапката започна против уште еден онколог, второобвинетата Мери Пешевска, која призна вина пред Судот, по што Судот ја осуди на две години условна казна затвор.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top