Македонија

Левица и СДСМ заеднички во блокада на Изборниот законик

„Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и Левица заеднички го блокираат Изборниот законик, а причината за тоа се ниските рејтинзи на двете партии, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

Станува збор за закон кој, како што рече, со месеци бил договаран и во кој ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите предлози на СДСМ и Левица.

„Единственото нешто што го побаравме е нашата дијаспора да може по електронски пат да гласа уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија ова наше барање, а денес истите го блокираат“, изјави Манасиевски.

Тој нагласи дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и дека се подготвува согласно препораките и забелешките на ОБСЕ и ОДИХР.

Манасиевски ги повика СДСМ и Левица да предложат амандмани за, како што рече, корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори, а останатите амандмани да ги повлечат за законот да биде донесен со консензус.

Според него, блокирањето на законот може да има негативни последици врз исполнувањето на реформите од Реформската агенда и повлекувањето средства од Планот за раст.

„Венко Филипче и Димитар Апасиев со блокада на овој закон сакаат директно да ѝ нанесат штета на Македонија во делот на исполнување на реформите од Реформската агенда, но и во повлекувањето на средства од Планот за раст“, рече Манасиевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи, како што посочи, со политики на чесно, одговорно и транспарентно работење. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top