Македонија

Лични интереси на бизнисмени причина за откажување на традиционалната ,,Зелкаријада”

Организаторите соопштија дека манифестацијата нема да се одржи поради несогласувања околу организацијата

Традиционалната манифестација „Зелкаријада“ во делчевското село Тработивиште, оваа година нема да се одржи.

Одлуката ја соопштија организаторите на настанот преку официјално соопштение до јавноста.

Како причина за откажувањето, организаторите ги наведуваат, како што велат, постапки на поединци стопанственици од селото кои, според нив, го ставиле личниот интерес пред манифестацијата.

„Во такви услови не можеме да организираме настан кој треба да биде симбол на заедништво, традиција и промоција на нашето село“, се вели во соопштението.

Од организацискиот одбор додаваат дека им отстапуваат место на тие што сакаат да го организираат настанот, а упатија благодарност до сите кои со години ја поддржувале „Зелкаријада“.

Истовремено информираат дека зготвената зелка, која е донација од ресторан „Монополо“, ќе биде поделена во селото во близина на меана „Мерак“ (Крилце).

Организаторите изразија надеж дека во иднина ќе се создадат подобри услови за повторно одржување на манифестацијата во интерес на целото село и посетителите.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top