Македонија

Лидл Македонија прогласен за лидер во безбедноста при работа во домашниот услужен сектор

Првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година

Лидл Македонија го освои првото место за најдобар правен субјект во областа на безбедност и здравје при работа за 2025 година. Компанијата е добитник на наградата во категоријата Услужни дејности, која ги опфаќа финансиските, информативните, транспортните, трговските, сервисните и други услуги, како признание за системските инвестиции и високите стандарди што ги применува во грижата за своите вработени. Признанието се доделува по повод 28 април, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на настан организиран од релевантни домашни здруженија и институции од оваа област, каде беа наградени компании кои во текот на 2025 година, преку инвестиции и имплементација на добри практики во сопствениот развој, реално и стручно придонеле за создавање безбедни и здрави работни места.

Наградата за Лидл Македонија се однесува на проектот „Безбедна работа на градилиште“ при изградбата на логистичкиот центар на компанијата, кој се протега на површина од 67.000 метри квадратни. Во реализацијата на овој комплексен проект биле ангажирани 75 домашни компании – подизведувачи, кои работејќи според строгите безбедносни стандарди и процедури на Lidl, придонеле за постигнување исклучителен резултат. Во текот на изградбата не е регистрирана ниту една повреда при работа или друг безбедносен инцидент.

Ова е директен резултат на системскиот пристап, континуираната едукација, строгата контрола и доследното почитување на сите протоколи за безбедност и здравје при работа. Наградата во име на Лидл Македонија ја прими раководителката за безбедност и заштита при работа, Надица Фотев.

„Ова признание претставува потврда за континуираната посветеност на Lidl кон создавање безбедна и здрава работна средина. Компанијата континуирано инвестира во превенција, едукација, унапредување на работните услови и развој на култура на безбедност, со што обезбедува високи стандарди во секој сегмент од работењето. Ние во Lidl, безбедното работно опкружување не го гледаме само како обврска, туку како суштинска вредност и одговорност кон нашите вработени, нашите подизведувачи и партнери, како и кон животната средина. Ќе продолжиме да инвестираме во современи решенија, едукација и практики кои придонесуваат за долгорочна благосостојба и сигурност на секој член од нашиот тим“, изјави Фотев.

Годинешното одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, предводено од Меѓународната организација на трудот, е посветено на создавање здрави психосоцијални работни средини, со фокус на менталното здравје, благосостојбата и одржливите работни практики. Во овој контекст, процесите, процедурите и политиките за здравје и безбедност на Лидл Македонија имаат за цел да создадат култура на безбедност која оди подалеку од законските барања. Како дел од својата долгорочна стратегија, Lidl останува посветен на примена на највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, придонесувајќи не само за благосостојбата на своите вработени, туку и за развој на одговорни и одржливи деловни практики во пошироката заедница.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top