Македонија

Лионес/Лајконет функционираше како ,,класична пирамида”, Белески за измамата на векот

Како Зоран Витанов направил милиони ако навистина „не добивал ништо“?

Македонскиот бизнисмен од Швајцарија Васко Велески реагира на интервјуто на симболот на скандалот со фирмите Лионес/Лајконет Зоран Витанов на Канал 77 каде тој се соочува со уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.

,,Да бидеме јасни – Лионес/Ликонет/MyWorld функционираше како класична пирамида. На почеток луѓето добиваа „картичка за кешбек“, но потоа им нудеа да уплатат „аванси“ за наводни поголеми попусти и дури „акции“ што реално не постоеја. Дополнително, за секој нов член што ќе го донесеш – добиваш процент. Тоа е типичен синџир.

Витанов во интервјуто тврдеше дека биле партнери со Apple, а во други свои видеа зборувал за Migros. Јасно е дека си ги менува приказните како ќе му одговара, без никакви докази”, пишува Велески според кого Најголемиот апсурд е токму во видеото од Канал 77 на Фејсбук.

,,Витанов околу 38-та минута вели дека ако се зачлени неговата мајка – 1% оди кај неа, 1% на негово конто. Веќе во 39-та минута на прашање од новинарот тврди дека тој „не добивал ништо“.

Според Велески со овој исказ логично се поставува прашањето: како Зоран Витанов направил милиони ако навистина „не добивал ништо“?

Според него одговорот е очигледен – парите не доаѓале од реален кешбек, туку од уплатите на членовите, со манипулација и лажни ветувања.

,,🌍 Што се случуваше со Lyoness/Lyconet/MyWorld низ светот
• Во Норвешка, регулаторите (Lotteritilsynet) официјално ја забранија Lyoness како нелегална пирамидна шема.
• Во Италија, Антитруст-органите (AGCM) утврдија дека деловниот модел има карактер на пирамида и изрекоа санкции.
• Во Австрија, судови водеа постапки поради заблудувачки практики и недозволени продажни системи и фирмата банкротира.
• Во Полска, регулаторите предупредија дека системот има пирамидални елементи.
• Во повеќе земји (вклучително и Португалија) се отвораа истраги и судски постапки за измама и нелегални финансиски практики”, пишува Велески според кого
факт е дека Витанов свесно манипулирал со луѓето и заработувал од нивните уплати, а не од реален кешбек со кој ги врбувал членовите.

,,Факт е и дека многумина беа доволно наивни или жедни за „брза заработка“, па поверуваа во приказката „гледаш ТВ и заработуваш“, пишува Белески кој дава поука:

Пред да вложите пари во вакви „чуда“ и шеми за брзо богатење, проверете:
• кој стои зад проектот,
• кои се аргументите (и дали воопшто ги има),
• дали компанијата е правно и репутациски чиста.

Во случајот со Lyconet/MyWorld, со години постоеја скандали, забрани и истраги во повеќе држави—и тоа не беше тајна, заклучува Белески.

Што се кажуваше Витанов во емисијата на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Денеска е Цветници – Влегување на Исус Христос во Ерусалим

Православните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица. Овој празник ја одбележува последната недела пред почетокот на Исусовите страдања, смртта и Воскресението

Најнови вести

To top