Македонија

Љубчо Георгиевски контра Блаже Конески, Драган Милосављевиќ и Ивица Боцевски

На носителот на бугарски пасош му се случија ,,повампирувајне” и ,,ослободувајне”

Во објава на социјалните мрежи екс премиерот Љубчо Георгиевски кој има бугарски пасош тргна во индиректен напад на делото на великанот Блаже Конески но и на новинарот Драган Милосављевиќ кому му го смени името како и на амбасадорот и екс вицепремиер за ецроинтеграции Ивица Боцевски.

Георгиевски ги напаѓа Боцевски и Милосављевиќ за наводен просрпски наратив во емисија на американската мрежа Њузмакс иако во емисијата нема ништо од тоа што го зборува Георгиевски кој практично измислува или му се причинуваат работи.

 

Во објавата Георгиевски го понижува и великанот Блаже Конески менувајќи ги правилата во македонскиот јазик како тоа за едначење по звучност.

Човекот што пред околу 25 години од го смени името од Љупчо во Љубчо кое звучи бугарски сега користи ,,србска” место ,,српска”, ,,повампирувајне” место повампирување и ,,ослободувајне,, место ,,ослободување”.

 

“Србите загрозени во Македонија”

Оваа теза ја слушам веќе пети пат а последно на каналот “Newsmax Balkans” (најновата телевизија во македонскиот информативен простор на великосрбската пропаганда).Во интервјуто на Ивица Боцевски и Драган Милосавлјевич.

А зошто? Затоа што некој им го критикува србскиот свет и поединци ги вознемируваат кога го прославуваат ослободувајнето на Стара Србија!?

Србите се загрозени во Хрватска,Босна,Косово,Црна Гора и сега Македонија? А всушност имаме нова сезона на повампирувајне на Голема Србија”, пишува Георгиевски иако во интервјуто ги нема елементите кои тој ги ,,забележал”..

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

To top