Македонија

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за четири години оствари голема трансформација и развој на општините: историски најголем развој на Газибаба

Во изминатите четири години во скопската општина Гази Баба се вложуваше во сите области на општественото живеење и се развиваа сите населени места.

„Четиригодишен развој на Гази Баба, изградени две нови спортски сали, голем број спортски центри и терени, асфалтирани 120 улици, се градат училишта и градинки. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години оствари голема трансформација и развој на општините.“ – соопшти денес ВМРО ДПМНЕ

И покрај опструкциите на поранешната влада, со одлучност за промени и визија за развој на општините, градоначалниците изнаоѓаа начини и средства за инвестиции. Општина Гази Баба во изминатите четири години го бележи својот најголем историски развој, инвестирајќи во сите области. Со реализирани 670 проекти се вложуваше во образованието, спортот, културата, патната и подземна инфраструктура, се доделуваа субвенции за енергетско ефикасно затоплување на домовите на граѓаните. Ликот на општината постепено се менуваше со асфалтирање и поплочување на 170 улици, а во населените места Црешево, Смилковци, Страчинци, Гоце Делчев, Јурумлери, Трубарево и Чукур Маало се изгради 32 километри нова канализациона мрежа.

По долги години образовен процес во старите и дотраени бараки, се гради нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, а се градат и две нови детски градинки во Трубарево и Инџиково, а наскоро ќе започне градба и на уште две градинки. И во спортот се инвестираше како никогаш досега, така се изградија две нови спортски сали во Булачани и Стајковци, а во моментов се гради и третата во Црешево. Исто така, се изградија четири спортски центри во населените места Стајковци, Инџиково, Идризово и Хиподром, 35 спортски терени со тартан подлога, 6 спортски терени со вештачка трева и пет фитнес зони на отворено.

Во изминатите четири години, не беше запоставена ниту културата, се почна и сега е во завршна фаза комплетната реконструкција на Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто. Посебно внимание се посвети на животната средина. За ефикасно, економично и еколошко загревање на домовите, се воведоа мерки за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди, печки на пелети, чистење на оџаци, набавка на велосипеди и тротинети, како и субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата и за сончеви колектори.

За четири години во Гази Баба се вложуваше во сите области на општественото живеење и се развиваа сите населени места. – соопшти ВМРО ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Банкарската службеничка Б.Б.И. (31) од Тетово примените 39 илјади евра од тетовец наместо на негова сметка си ги ставила во џеп!

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.И. (31) од Тетово поради сомнение за кривично дело „затајување“. Според информациите на полицијата, пријавената, како вработена во филијала на банка во Тетово, на 3 ноември 2025 година во службените простории примила 39.000 евра од 59-годишен тетовец, кој сакал парите да ги депонира на својата сметка. Наместо средствата да бидат уплатени во рок од три дена, како што му било кажано, тие не биле префрлени на сметката на оштетениот, туку, според пријавата, биле противправно присвоени.

To top