Македонија

Луѓето на СДСМ и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница

Во секоја држава со нормално судство и обвинителство кое не е во скутот на Заев и Ахмети, Венко Филипче сега ќе беше зад решетки

Луѓето на СДСМ и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Викторија Андоновска.

Андоновска истакнува дека Венко Филипче како министер за здравство кој ја потпишал спецификацијата за модуларната болница во Тетово е директно одговорен за смртта на 14 луѓе.

-14 луѓе живи изгореа во модуларната болница, а затоа што правеше анекси на договори за 20% повеќе пари, не беше повикан на разговор во обвинителството.

Во секоја држава со нормално судство и обвинителство кое не е во скутот на Заев и Ахмети, Венко Филипче сега ќе беше зад решетки. Но судиите со 2% доверба мораа да ги оправдаат нивните назначувања и да го аболираа Филипче од одговорност.

За да не лежи Венко Филипче, лежат периферни ликови во здравството од тоа време како Етеми и Бесими, директори на Тетовската болница, кои исто така не смееше да бидат осудени со реални казни, за да не пропеат очигледно за нивниот шеф, па добија по неверојатни 1,5 година затвор.

За пожар во болница каде што живи горат 14 луѓе, судиите и обвинителите доделија вкупно 3 години затвор на директорите, а за Филипче замижаа очи, затнаа уши и затворија усти.

Релацијата на одредени судии и обвинители кои сѐ уште работат по насока на СДС и ДУИ, ги оставија криминалците по улиците, а народот без правда.

Потребни се итни реформи во судството и конечно, вистинска правда и одговорност, вели Андоновска на денешната прес-конференција.

Најнови вести од: Македонија

Oд 1 септември ќе биде пуштена во сообраќај првата линија на „Градски воз“

Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1 септември пуштена за сообраќај, информираше министерот за транспорт Александар Николоски.

Љутков до Синдикатот на културните работници: Избравте судир и создавање на криза

Евентуално поништување на Колективниот договор, ќе биде неизбежна последица на долготрајниот застој, систематското одбивање за дијалог и институционален притисок од страна на раководството на СКРМ, смета министерот

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби

Во овие времиња на предизвици, како што вели премиерот „сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом – Македонија“.

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до верниците од католичка вероисповед за Велигден

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод големиот христијански празник – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко-скопски и до сите верници од католичка вероисповед.

To top