Македонија

Луксузното БМВ со кое Касами дојде на лидерската средба било на вујко му, газда на градежна фирма

Буквите на регистарската табличка на возилото, одговараат на иницијалите на споменатиот роднина на Касами Р.А.

На лидерската средба која завчера се случи во Клубот на пратеници,  градоначалникот на Тетово Биљал Касами и лидер на БЕСА која е дел  од владејачката коалиција ВЛЕН, пристигна со луксузно возило марка БМВ.

Откако јавноста реагираше на најмалку сто илјади евра вредното возило од тимот на Касами, велат дека возилото не е негово, туку дека тоа било позајмено откако неговото службено возило се расипало.

Автомобилот со кој пристигнав не е моја сопственост, и покрај шпекулациите што кружеа во медиумите и социјалните мрежи. Тој автомобил беше користен привремено, бидејќи службениот автомобил моментално е на поправка. Мојот личен имот редовно се пријавува и е достапен за јавноста, во согласност со законот, вели на Касами за СДК.

Повеќе медиуми објавуваат дека скапото BMW е во сопственост на негов вујко.

Буквите на регистарската табличка на возилото, одговараат на иницијалите на споменатиот роднина на Касами Р.А.

Богатиот вујко на Касами е сопственик на приватна градежна компанија основана пред 28 години

Таа соработувала и со јавни органи по пат на договори за јавни набавки.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top