Македонија

Љутков: Македонија има потенцијал да стане препознатлив туристички бренд

Во наредниот период следуваат дополнителни јавни консултации и тематски работилници со цел да се обезбеди широк консензус.

Со првата јавна расправа одржана во Музејот на македонската борба, официјално започна процесот на изработка на Националната стратегија за развој на туризмот на Македонија за периодот 2027–2032 година.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја оцени новата стратегија како важен чекор кон создавање модерен, одржлив и конкурентен туристички сектор.

„Македонија располага со исклучителни природни и културни богатства, а наша задача е тој потенцијал да го претвориме во силна конкурентска предност и препознатлив туристички бренд“, порача министерот.

Тој истакна дека туризмот има значајна улога во економскиот развој преку отворање нови работни места, привлекување инвестиции и промоција на земјата на меѓународен план.

На јавната расправа присуствуваа претставници на туристички агенции, хотелиери, туристички водичи, угостители, локални самоуправи, стопански комори, туристички здруженија, академската заедница и експерти од областа.

Во наредниот период следуваат дополнителни јавни консултации и тематски работилници со цел да се обезбеди широк консензус.

Новата стратегија ќе биде фокусирана на рамномерен регионален развој, ефикасен дестинациски менаџмент, заштита и одржливо користење на природното и културното наследство, дигитализација, развој на нови туристички производи и подобрување на квалитетот на услугите и човечките ресурси.

Од Министерството за култура и туризам нагласуваат дека процесот ќе биде транспарентен и инклузивен, со активно учество на сите засегнати страни.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top