Македонија

Мафија на лажни просјаци „оперира“ околу Клиничкиот центар во Скопје, предупредува доктор Лазаров

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Доктор Ненад Лазаров јавно алармира дека во околината на клиничките установи во Скопје дејствува добро организирана група лица кои се претставуваат како просјаци и лица со инвалидитет, а според него всушност се работи за професионална мрежа што секојдневно прибира значителни суми пари од граѓаните.

Во објава на социјалните мрежи, тој напиша:

„Најсиромашните што движат по клинички, скромни стуткани луѓе со секакви маки дојдени по болнициве најчесто се жртва и даваат пари на овие хоштаплери што глумат просјаци и инвалиди а не се, најверојатно и делат со нив од последните парички. Стратешки се распоредени по клинички.

Ве молам денар да не им давате, цела мафија се организирана секој ден илјадници денари укрупнуваат по локални продавници дури и во црквата на клинички, заработуваат повеќе од сите нас, пред некој ден пред мои очи 7000 денари укрупни еден од нив! Со кола доаѓаат со кола си одат. Да сум власт, ова се треба на долго време да се затвори за пример.“

Доктор Лазаров директно ги повикува граѓаните да не даваат пари на овие лица, тврдејќи дека станува збор за организирана криминална дејност која систематски ги искористува најранливите категории – болните и нивните најблиски.

Според неговото сведоштво, лицата доаѓаат и заминуваат со возила, а дневно успеваат да соберат илјадници денари, при што тој наведува конкретен случај кога пред неговите очи еден од нив собрал 7000 денари за кратко време.

Објавата предизвика голем број реакции кај граѓаните на социјалните мрежи, при што дел од коментаторите ја потврдуваат слична појава, додека други бараат реакција од Министерството за внатрешни работи и од Град Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Онлајн купувачи се жалат на проблеми при пазарењето, најчесто за бавна испорака

Бавната испорака е најчестиот проблем на е-купувачите. Повеќе од една третина (35,4%) од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку веб-страница или апликација, покажува истражувањето на Евростат од 2025 година за користење на информатичко-комуникациски технологии. Во Македонија, проблем при е-шопинг имале 29,41 отсто од купувачите.

Над 400 милиони денари само лани вложени во инфраструктура во Битола

Во тек се 10-ина нови проекти (реконструкција на улици и патишта, изградба на нови, комунална инфраструктура, спортски игралишта). Коњановски најави дека со почнувањето на градежната сезона ќе има многу работа во оваа календарска година, во која благодарение и на соработката со Владата веќе се склучени договори.

To top