Македонија

Маја Сивагнанам назначена за нов амбасадор на Обединетото кралство во Македонија

Таа ќе ја преземе должноста во август годинава, соопшти Амбасадата во Скопје

Таа ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година.

Според нејзината биографија, Сивагнанам има 25-годишно искуство како професионален дипломат, а во кариерата извршувала повеќе должности, меѓу кои и служба во британската амбасада во Анкара, Турција.

Ова е нејзина прва служба како највисок дипломатски претставник во една држава, a Сивагнанам ќе биде втората жена по Рејчел Галовеј што ќе ја извршува британската амбасадорска функција во Македонија.

Таа била и заменик-директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој лани се одржа во Лондон.

Моментално учи македонски јазик, дознава порталот СДК.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top