Македонија

Мајк Зафировски: Силна и независна Македонија би била одлична за граѓаните, за регионот, за Европа и за светот! – Иновациите се можност за неа!

Насочете се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, демократска Македонија би била одлична за граѓаните, за регионот, за Европа и за светот.

Зафировски забележа дека Европа значително заостанува во однос на иновациите, што е една од можностите за Македонија. – Имате многу регулативи за приватност и тоа е прашање на тоа која е вистинската рамнотежа меѓу напредокот на иновациите и заштитата на начинот на живеење. Не се залагам за тоа што може или што треба да се случи, но инвестициите ќе бидат значајни, ќе има победници и губитници, како и во секоја индустриска трансформација. И доколку Македонија постапи мудро, ќе може да привлече вистински инвестиции и инвеститори, но и да комуницира со граѓаните на начин што ќе помогне да се ублажат стравувањата од негативните последици или од тоа што би можела да донесе вештачката интелигенција, подвлече Зафировски.

Важно прашање за него е и невработеноста кај младите и дел од предизвикот е како да се искористат можностите за да се подобри сè. – Колку сте погласни, а премиерот Мицкоски е сè погласен, толку повеќе можете јасно да кажете што може и што треба да се направи. Значи, да, постојат предизвици низ целиот свет, но има и многу посветени граѓани, вклучувајќи ме и мене, кои и приватно и јавно се обидуваат да укажат што може и што треба да се направи. Но повторно, кога станува збор за Македонија, за тоа каде сме економски и каков ни е квалитетот на живот, лесно е тие причини, не би ги нарекол изговори, да се користат како оправдување зошто не можеме подобро. Она што го кажав утрово е, на многу начини, за да ги охрабрам луѓето да ги направат потребните подобрувања наместо да бидат парализирани од глобалните проблеми и да не се движат напред за навистина да им помогнат на граѓаните таму каде што можат, рече Зафировски, одговарајќи на новинарски прашања на Самитот.

 Навраќајќи се на ветувањата од Чикаго дадени пред две години тој потсети дека едно од нив е да направат сè што за да се елиминира корупцијата. – Корупцијата е зло кое постои во многу земји. За жал, ниту ние не сме исклучок. Има добар напредок на ова поле, но повторно: праведна земја каде луѓето имаат доверба останува предизвик број еден. Направен е добар напредок. Мислам дека дигитализацијата и другите напори навистина можат да ни помогнат да се придвижиме напред, истакна Зафировски.

Второто ветување: раст. 3,5 проценти минатата година, многу повисоко од која било земја во регионот. Но треба да целиме кон уште повисок раст. Почнуваме од релативно ниска основа, но има многу голем потенцијал. Затоа, продолжете да инсистирате на ставот од перспектива на раст, бизнисите да бидат посилни, паметна регулатива и повеќе извозно ориентирани производи. И третото, да имаме ефикасна и транспарентна влада и вистинска посветеност на пристапувањето кон ЕУ. Сфаќам дека се потребни двајца за да се дојде до договор, но повторно, се обврзавме да ги зголемиме лобистичките напори за да се осигураме дека не слушаат правилно. Постои почит кон земјата, почит кон граѓаните, нашето име и нашата историја, но сепак се потребни дополнителни напори за влез во ЕУ, нагласи Зафировски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Претставници од реномираниот универзитет „Абдулах Ѓул“ од Турција на гости во Скопје

Средбата помина во исклучително позитивна и конструктивна атмосфера, трасирајќи го патот за идни заеднички иницијативи. Локалната координација и поддршка за реализација на оваа посета беа овозможени од страна на Центарот за рурален развој во Југоисточна Европа и експертот за развој и меѓународна соработка, Бошко Нелкоски.

(Фото): Многу новини за плаќањето на патарините, поврзана ќе е и банкарската сметка

Директорот на ЈП Државни патишта, Коце Трајановски вели дека се размислува и за воведување на моделот на наплата на патарините како во Србија односно затворен систем за наплата за поминати километри. За таа цел, веќе се работи на студија да се воведе ваков систем на наплата на Коридорот 8.

(Фото): Новата реалност во Македонија – Вештачка интелигенција што решева реални проблеми

Вештачка интелигенција што го следи и намалува загадувањето на воздухот, му асистира на докторот во операциона сала, но и овозможува одгледување растенија без почва со цел да се избегнат бактерии и пестициди – токму тоа е физичката вештачка интелигенција.

На средбата на Сиљановска-Давкова со Џон Битов помладиот и Јордан Битов предочена можноста за засилување на канадско-македонските односи на највисоко ниво!

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонското иселеништво во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и Јордан Битов, учесници на самитот „Македонија 2025“. Таа им се заблагодари за долгогодишниот придонес на македонското иселеништво во Канада во јакнењето на економските, образовните, научните и културните врски со матичната држава Македонија, како и во претставувањето на македонските интереси и потенцијали на меѓународен план.

МНР ќе го повика бугарскиот амбасадор Радуков и ќе биде изразена силна реакција, поради Чамова и нејзината „северномакедонска изјава“!

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ќе го повика бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков како реакција за изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова,која  вчера во Брисел, во краток разговор со својот македонски колега, го употреби терминот „северномакедонски“.

Милошоски: Обвинителот Абази, кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, работи за бандата и криминалците – ја запре судската постапка за мазутот, вреден 167 милиони евра!

Шефот на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контроверзна наредба за запирање на истрагата во предметот, кој е поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на тројката Филипче, Ахмети и Заев донесе одлука да се запре судска постапка, во која осомничени, меѓу другите, беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, и синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. ВМРО-ДПМНЕ го повикува шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, веднаш да поднесе оставка, и да ја остави работата на професионалците, коишто поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството, реагира денеска на прес конференција Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Најнови вести

To top