Македонија

Македон освои злато и престижна награда на меѓународна математичка олимпијада

На натпреварот „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ ученик од Македонија постигна врвни резултати меѓу над 56.000 учесници од целиот свет

Уште еден голем успех за македонските млади таленти на меѓународната сцена. Млад ученик од Македонија се закити со највисоки признанија на меѓународниот натпревар „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“, каде што покажа исклучителни математички способности и постигна врвни резултати во силна светска конкуренција.

Тој најпрво освои златен медал во екипна конкуренција, а потоа го постигна и највисокиот индивидуален резултат меѓу сите учесници. За своето извонредно достигнување беше награден со престижната George Lenchner Medal, признание што му се доделува на најуспешниот натпреварувач.

Во конкуренција од 56.913 ученици од Соединетите Американски Држави и други земји од целиот свет, младиот Македонец се издвои како најдобар, потврдувајќи го својот исклучителен талент, знаење и посветеност во областа на математиката.

Овој успех претставува резултат на долготрајна работа, дисциплина и љубов кон науката, а воедно е и значајна промоција на Македонија на меѓународната образовна сцена.

По повод овој успех, со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи неговиот татко, Владимир Македон Димитровски, кој не ја криеше гордоста од постигнувањето на својот син:

„Голема гордост за нашиот Македон! Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Македон – продолжи да блескаш“, напиша Владимир.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top