Македонија

Македонија 45. во светот според слободата на медиумите

Три места подолу на листата на „Репортери без граници“, зад Словенија и Црна Гора, пред Хрватска, Бугарија, Грција, Србија, Албанија, САД…

Според индексот на слободата на медиумите за 2026 година на „Репортери без граници“, Македонија е на 45. место во конкуренција на 180 земји во светот.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, широко раширените дезинформации и недостигот од професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се наведува во образложението, коешто е исто како и минатата година.

„Пласманот“ е три места подолу од минатата година и ја сместува државава во групата земји во кои ситуацијата е оценета како „проблематична“, какви што се сите во опкружувањето, освен Словенија (36. место) и Црна Гора (41.).

Зад Македонија по слободата на медиумите од регионот се Хрватска (53.), Бугарија (71.), Албанија (83.), Грција (86.), како и Босна и Херцеговина (90.) и Србија (104.), во кои состојбата се оценува како „тешка“.

Пад од седум позиции забележаа САД, кои годинава фигурираат на 64. место на оваа листа.

Норвешка е прва, пред Холандија, Естонија, Данска, Шведска, Финска, Ирска, Швајцарија, Луксембург, Португалија итн., а на дното е Еритреја.

 

Најнови вести од: Македонија

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top