Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Европратеникот Вајц посочува дека не е постигнат напредок во однос на уставните измени, поради загриженост за потенцијални дополнителни билатерални блокади или барања од Бугарија.

  • „Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност е сите политички актери, особено владата да дава опипливи резултати во клучните области, а во исто време Европската унија, нејзините држави-членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски“ – ова е дел од Нацрт-извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц кој следната недела ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи.
Според него, земјава моментално се наоѓа во тешка позиција, бидејќи процесот на пристапување е сопрен.
  • „И покрај некои позитивни реформи, напредокот на реформската агенда на ЕУ – особено во клучни области како владеење на правото, реформите на правосудството и борба против корупцијата е недоволен. Ова се должи на изборната кампања, ограничените капацитети во јавната администрација и недостигот на долгорочна политичка посветеност“, вели Вајц.
Посочува дека не е постигнат напредок во однос на уставните измени, поради загриженост за потенцијални дополнителни билатерални блокади или барања од Бугарија и смета дека е потребно зголемување на политичка волја од двете страни за да се надмине овој ќорсокак. Нацрт-извештајот сега ќе помине низ амандманска фаза во Европскиот парламент, по што следуваат гласања во Комитетот и на пленарна седница. Ова е втор извештај на Вајц за земјава од 2022 година наваму. Минатата година Европскиот парламент го усвои неговиот извештај со убедливо мнозинство, но во финалната верзија беа отстранети референците за македонскиот јазик и идентитет.

Најнови вести од: Македонија

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top