Македонија

Македонија е на 10 метри од историско и архитектонско чудо од раниот историски период на Европа

Спектакуларните Билазора и Кралската палата кај Свети Николе се меѓу најважните археолошки откритија во целиот Медитеран

Поминаа речиси 10 години откако кај селото Кнежје, Свети Николе беше откриена и готово целосно истражена владетелската палата на ридот Градиште каде бил лоциран античкиот град Билазора, за кој се знае дека бил најголем град (според Тукидид) на т.н. Независни Пајонци.

Со археолошките истражувања и откривањето на т.н. Владетелски комплекс во чии рамки доминира кралската палата, се покажа дека не бил само најголем град по површина туку и по значење. Денес, тој антички град, на широко е афирмиран како престплнина на Пајонското кралство и кралеви што владееле и имале забележителна улога во сите историски настани во ј-и Европа од V – III век пред Христа.

Секавањето на тие времиња се уште живее во името на денешното село Кнежје (словенските народи наместо крал го користат терминот кнез).

Според историските извори формирањето на пајонската држава се случило некаде во текот на петтиот век пред Христа најверојатно откако јужните пајонски заедници како најразвиени веќе биле инкорпорирани и тоа како најсилен етнички елемент во долномакедонското крслство.

Токму тогаш (429 г.пн.е.) Тукидид ја спомнува земјата на Независните Пајонци, кои за разлика од јужните Пајонци ке останат независни, и први од палеобалканските народи ке формираат свое кралство – наследна монархија со престолнина во Билазора.

Денес, по 10 години резиденцијата на нивните кралеви, која заедно со сите придружни структури беше откриена на акрополата во Билазора сеуште е нецелосно заокружена и презентирана како што заслужува, што пак, од нас, како цивилизирана европска средина со право се очекува.

Причините за тоа не се ниту во спориот процес на истражување и конзервирање, ниту во недостатокот на пари туку во неможноста да се убеди сопственикот на земјата да даде согласност за ископување на неговата парцела, каде се шири последниот, неистражен дел од палатата.

Во прашање е простор од 10 должина и 20 метри ширина, а во суштина без никакво градежна или земјоделска вредност (6 категорија земја).

Чисто за споредба, палатата во Вергина (старата македонска престолнина Ајга) или позната како палатата на Филип II пред две години беше конечно конзервирана и свечено отворена лично од претседателот на Грција Мицотакис.

При тоа беше промовирана како најзначајниот објект на грчката антика, и покрај истовремените гигантски примероци на монументи како оние на Акропол. Делфи, Епидаурис, Олимпија и.т.н.

Наспроти тоа, палатата во Билазора можеби помала, но во поглед на концепциската поставеност на просториите, архитектонските елементи и градежни техники е фрапантно слична со палатата во Вергина, со тоа што е нешто постара и далеку посочувана.

Надворешните уидови на палатата во Билазора се сочувани на места до две метри височинаа додека во внатреноста биле украсена со фреско декорација и инвентар откриван во изворна положба.

Поради сето тоа, иако сеуште недоистражена и недоткриена во целост кралската палата во Билазора без сомнение е најрепрезентативниот споменик од раноантичкото или предримско културно наследство кај нас и уште повеке една од најзначајните културни, историски и архитектонски целини од раниот историски период на Европа.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top