Регион

Јотова: Бугарија останува отворена за дијалог, но разговорите мора да бидат без ултиматуми!

Од Бугарија, државата која ѝ испостави на Македонија во изминатиот период безброј ултиматуми да ги прифати нејзините „европски“ уцени околу „бугарските корени на македонскиот народ и јазик“, сега доаѓа став дека не прифаќа „ултиматуми од Македонија во разговорите“?!

Вршителката на должноста претседателка на Бугарија  Илијана Јотова изјави дека земјата останува отворена за дијалог со Македонија, но и оти „разговорите мора да бидат без ултиматуми и без отстапување од европската политика“. Таа нагласи дека Бугарија е полноправна членка на Европската Унија, а земја која се впушти во членство не може да не ги прифати вредностите на Унијата.

Јотова рече дека не ги знае деталите од разговорот меѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, но изрази надеж дека овојпат претседателката на ЕК ќе биде „исклучително цврста“. Според неа, извештај од Европската комисија се очекува во рок од две недели. Во него ќе се процени напредокот на РСМ на патот кон пристапување.

Јотова рече дека за разговорот да биде сериозен, Мицкоски мора внимателно да ја прочита европската политика за проширување. Според неа, Скопје мора да престане да ја претставува темата како билатерално прашање.

Најнови вести од: Регион

To top