Македонија Свет

Македонија и Обединетото кралство потпишуваат Договор за стратешко партнерство

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на средства од пет милијарди фунти за остварување на капитални проекти, ќе биде заверен денес во Лондон. Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер […]

Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и Обединетото Кралство, со кој нашата држава добива на располагање историски најголем износ на средства од пет милијарди фунти за остварување на капитални проекти, ќе биде заверен денес во Лондон.

Спогодбата ќе ја потпишат заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, објави дописникот на МИА од Лондон.

Посетата на британската метропола, Николоски, кој ја предводи владината делегација во која се и заменикот на премиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски, официјално ја започна вчера со средба со претставници на Инструментот за поддршка на надворешното финансирање (УКЕФ) во британското Министерство за финансии.

“Можам со задоволство да кажам дека овие пет милијарди фунти или шест милијарди евра по овој состанок и дефинитивно се ставени на располагање на Македонија.”

“Може да се користат за проектно финансирање, врзани се со проекти, што значи дека ќе носат додадена вредност за Македонија”, изјави Николоски по средбата.

Тој потсети дека станува збор за проекти во областа на транспортот, здравството, образованието, енергетиката, технологијата, како и во доменот на животната средина.

Досега се дискутирало за три групи на проекти кои се веќе одобрени – брзата железничка линија на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, потоа изградбата на болниците во Кичево, Тетово и Штип, и третиот, изградба на медицински факултет и студентски дом во Штип.

Николоски изјави дека по потпишувањето на договорот меѓу владите и по ратификацијата во македонското Собрание, ќе започнат официјални разговори во врска со начините на финансирање и реализација на овие проекти и наскоро ќе објават детали.

Тој го објасни процесот на ратификација во двете држави. “Кај нас договорот ќе се ратификува во парламентот, додека во Велика Британија го усвојува Владата.”

“Потоа договорот станува ефективен и веќе влегуваме во официјални разговори и преговори за реализација на проектите. Јас кажав дека мојата амбиција е дека во текот на летото ќе имаме договори, а доцна наесен и работа на терен”, рече вицепремиерот Николоски.

Во текот на вчерашниот ден тој имаше и неколку политички средби, а оствари средба и со директорот на ирскиот нискобуџетен авиопревозник „Рајанер“ на која се разговарало за можноста за нови летови во земјава.

Договорот што ќе биде потпишан денес, претходно оваа недела беше одобрен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете држави, кој се оценува како значаен, е исход на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за конкретна и долгорочна определба за зацврстување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.

Најнови вести од: Македонија Свет

Претседателката Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на владите во Дубаи

Сиљановска-Давкова ќе учествува на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува првпат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

To top