Македонија

Македонија има најсмртоносен воздух во Европа!

Според ЕЕА (Европска агенција за животна средина) Балканот и Источна Европа се регионите со највисока проценета стапка на смртност на 100.000 луѓе поврзана со долгорочна изложеност на PM2.5, а Македонија е предводник. PM2.5 е опасна прашина, што продира длабоко во белите дробови и крвта, а може да биде предизвикана од патниот сообраќај, но исто така и од рафинерии, цементарници, фосилни горива и пожари.

Како можете да се заштитите од загадувањето на воздухот? Според експертите, превенцијата започнува со едноставни навики. На пример, се препорачува луѓето што живеат во урбани средини да избегнуваат проветрување на своите домови во текот на шпицот на сообраќајот, односно само по 9:00 часот наутро. Прочистувачот на воздух може делумно да помогне и во чистењето на воздухот во затворен простор.

Експертите од ЕЕА велат да се користат само сертифицирани печки за горење, да се избегнува согорување горива во зимските денови и да се избегнуваат активности на отворено, како што е трчањето, во периодите со највисока концентрација на штетни супстанции во воздухот. Исто така е корисно да бидете информирани за нивоата на загадување преку апликации што обезбедуваат геолокализирани податоци во реално време.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

To top