Македонија

Македонија има скапоцен минерал што светот го бара

Зошто Македонија, земја со еден од најретките минерали на планетата директно поврзан со вселенските истражувања, сè уште нема национална визија за вселенската наука, прашуваат од Астра, здружението за астрономија и вселенски истражувања. Се работи за рудникот Алшар и минералот лорандит.

Во наоѓалиштето Алшар, сместено во југозападниот дел на Македонија, се наоѓа минералот лорандит (TlAsS₂) еден од ретките материјали на Земјата кој го привлекол вниманието на меѓународната научна заедница поради неговата потенцијална улога во истражувањето на соларните неутрина – субатомски честички кои ни даваат директен увид во процесите во внатрешноста на Сонцето.

Интересот за Алшар не е нов: уште во осумдесеттите и деведесеттите години, меѓународни научни тимови разговараа за можноста за реализација на LOREX-проектот (Lorandit Experiment) – научна мисија која би го искористила македонскиот лорандит за детектирање на соларни неутрина. Проектот никогаш не беше реализиран. Прашањето зошто – останува отворено, велат од Астра.

  • „Во последниве години, сè поголем број млади македонски научници и истражувачи образувани на водечки европски и светски универзитети донесуваат одлука да се вратат во земјата. Некои од нив работат на проекти кои ги поврзуваат локалните ресурси со глобалните научни предизвици. Дали некој од нив ќе го ревитализира Алшар останува да се види“, соопшти Астра, организација посветена на промоција на астрономската наука, вселенските технологии и научното образование во Македонија.

Ова здружение работи на поврзување на локалниот научен потенцијал со меѓународната заедница и на подигање на јавната свест за важноста на вселенската наука за развојот на општеството.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top